Што изработувам

Хартиени торти за деца

Изработки од хартија за деца
Како започна Creative world Nedeska
Секогаш сум била личност која го сака креативното изразување и отсекогаш сум истражувала различни видови уметност. Сосема случајно, ја открив техниката за изработка на слики од хартија, и тоа ме освои! Во време на пандемијата, кога имав повеќе слободно време, решив да се обидам да направам нешто ново и уникатно. Но, најголемата инспирација за мене секогаш биле децата – нивната неограничена имагинација и детски желби ме поттикнаа да создадам уметнички дела кои го пренесуваат нивниот волшебен свет.
Моите хартиени дела се:
Хартиени имиња:
Хартиените имиња се лични и креативни украси кои ја истакнуваат посебноста на секој настан, давајќи му топлина и уникатност.
Големи букви од стиропор
Големите букви од стиропор се совршен начин да се создаде впечатлив подарок, и да израдувате некој од вашите блиски.
Хартиени торти
Со хартиените торти ја внесувам магијата на празнувањата во секој детаљ, создавајќи уникатни и шарени декорации кои го разубавуваат секој детски роденден.

Задоволни клиенти
Уникатни изработки
Години искуство